Блекаут

14 February 2006

Акција за обнова на руинираните училишта

И без клучната улога на основното образование за развојот на земјава, би искажал поддршка за акцијата на „Утрински весник“ за обнова на руинираните училишта под име „Да им помогнеме на нашите деца“.

Очевидно, оваа потреба не е приоритет при кроењето на државниот буџет (споредете со Националната програма за развој на образованието):
Состојбите во основните училишта во земјава, за разлика од средните, се многу лоши. За училиштата да добијат достоинствен изглед и да обезбедат соодветни услови за образување на младите генерации, според сондажите на Министерството, потребни се 2,3 милијарди денари, додека за основното образование сега се издвојуваат 130 милиони денари. Овие средства не се ниту еден отсто од средствата кои се детектирани како неопходни.
Жиро-сметката на која може да се уплаќаат парични средства е со назив „МОСТ ДОО - Да им помогнеме на нашите деца“ е со број 300000002228611, во Комерцијална банка АД Скопје.
„Утрински весник“ секојдневно јавно ќе информира за донираните средства и ќе ги соопштува имињата на донаторите. Донациите можат да бидат парични, во училиштен прибор и инвентар, компјутери или, пак, градежни зафати на дотраените згради на училиштата. Секоја помош би била добредојдена.
Контакт-лице за акцијава е младата новинарка Даниела Трпчевска (daniela@utrinski.com.mk), позната по одлични репортажи со социјална тематика, за кои има добиено и меѓународни признанија.

No comments: