Блекаут

25 February 2006

Не лути се човече

Словенечката фирма „Трд фрејм студиос“ има направено одлична интерпретација на играта „Не лути се човече“ во Флеш.

Луѓе, ова не се пропушта. Се игра против други луѓе, кои се пријавуваат на серверот, во стил на ИРЦ. Ќе ја стаам и како линк од страна, да се најде за долгите зимски ноќи.

Кога корисникот одбира име, му се отвора екран со три дела: соби, чат и список на присутни. Собите се всушност партии, може да се влезе и да се кибицира (тогаш се добива црна боја). Ако некоја од позициите за играчи е слободна, може да се избере со што се приклучува во постоечка игра.

Меѓу другите игри што ги имаат направено дечкиве, постои и „Генератор на стрип“. Супер се!

6 comments:

Anonymous said...

Да ти кажам Филип како дете многу ја играв оваа игра со баба ми и дедо ми.

Anonymous said...

Е алал ти вера Развигоре за ова, ми потроши 3 саати.

bi said...

леле човек..
како мали деца се заигравме и се заборавивме.
гладни останавме :)

Anonymous said...

A koj pobedi? :-)

Anonymous said...

Е сега, кој победи. Подобро прашање е кој најдобро играше. :-)

Anonymous said...

Na tie ne im davaat medalji :)

Ali aj da, tebi pruzanje ruka sto se toga tice.
Ja sakam hartiena verzija :( smrc