Блекаут

16 February 2006

Препорака: „Велешка пастрмајлија“ во сабота

Горан Андреев известува за „Велешка пастрмајлија 2006“:
Во организација на Општина Велес и Центарот за подршка на НВО Велес, во сабота на 18 фебруари 2006 година со почеток во 10:00 часот во ресторан „Розе Сала“ ќе се одржи манифестација „Велешка Пастрмајлија 2006“. На манифестацијата на посебни штандови ќе бидат презентирани производители на пити пастрмајлии и вино од Велес.
Манифестацијата звучи супер. Според Центарот за поддршка на НВО:
Нивните производи ќе бидете во можност да ги набавите по симболични цени (20 денари за парче пита и 10 денари за чаша вино). Собраните средства ќе се наменат за хуманитарни активности на невладините организации од градот.
Повеќе информации на горенаведените линкови.

1 comment:

Горан Андреев said...

По втор пат се одржува ми се чини манифестацијава во Велес.