Од април 2006, Cre8ive8 продукцијата планира да започне со снимање серија краткометражни уметнички филмови. Во првиот едногодишен циклус се планираат 4 филмови на различни теми, со неограничена уметничка интерпретација според одредени критериуми: содржините треба да бидат иновативни, да пренесуваат позитивни пораки и да ја презентираат културата и идентитетот на младите луѓе во Македонија.Организаторите бараат „студенти визионери, надежни режисери, сниматели, монтажери, аматери фотографи, дизајнери, сценаристи, актери, организатори, видео арт фанатици, музичари.“ Иако веќе знаев за иницијативата, конкретниот линк го преземав од кај Лала.
Го повторувам мојот повик за соработници од сличен профил за изработка на анимиран филм во Флеш за учество на конкурс.
No comments:
Post a Comment