Блекаут

20 February 2006

Видео-игри наместо учебници

На блогот Гејмполитикс има вест за истражувања на употреба на видео-игри како алатки за учење во основно и средно образование:
„Децата ќе одат порано да си легнат ако имаат проблем со решавањето на домашните задачи, но ќе останат подоцна ако треба да поминат ниво на видео-игра,“ вели д-р Хенри Џенкинс од МИТ.

„Најлошото нешто што дете може да го каже за домашна задача е дека е премногу тешка, а најлошото нешто што дете може да го каже за видео-игра е дека е премногу лесна. Како да го премостиме јазот меѓу тие две состојби за она што ги мотивира децата кај игрите да го употребиме да ги поттикнеме да учат?“
Написот (Will games replace textbooks?) е на англиски јазик.

No comments: