...Условите што ги имавме беа одлични. Бевме сместени во ново олимписко село со еднакви куќи, со по неколку соби со бања, клима-уред, фрижидер, вентилатори и мрежи на прозорците. Црвениот песок насекаде ти станува нормален, а пак ладната вода..., се сеќавате ли на сцената кога Роберт Редфорд ’и ја мие косата на Мерил Стрип во „Моја Африка“, па ти станува романтично, за гуштерите во дворот – ништо страшно и онака се плашат од луѓе, сепак длабоко во паметењето остануваат изгрејсонцата, небото, црвената земја во босите нозе и секако отвореноста, убавината и гостопримливоста на тој народ, кој со целата своја инфериорност кон белата раса сепак претставува пример за гордост и издржливост. [болдот е додаден]Одбивам да поверувам дека се работи за намерна промоција на чист расизам преку еден од најважните весници во Македонија и тоа во омилениот подлисток на девојка ми. Но, дури и да се работи за гаф од типот „сакам кажам не знам речам“, мислам дека не треба да изостане критичка реакција од читателите и оградување од одговорните.
Пречка за тоа не треба да биде релативната малубројност на наши сограѓани со неодамнешно* африканско потекло, како штипјанецот Џими од рекламата на К-15. Би било голема штета ако се потврди афоризмот...
Чувства Во новинарството мора многу да се внимава на чувствата на тие што имаат моќ и не се колебаат да употребат насилство. За чувствата на тие што се немоќни и ненасилни не мора толку да се внимава....кој е една од овонеделните „Жарулки“.
--
* Сите хоминиди, а особено денешните луѓе, припадници на видот Homo Sapiens Sapiens, имаат африканско потекло.
2 comments:
очи истерав со фуснотата
Се мислам дали фуснотите имаат смисла во ваква форма, ептен се како остаток од печатен медиум... односно, може да се направат и поинаку.. хм ај ќе видиме на каде ќе еволуираат.
Post a Comment