Блекаут

24 February 2006

Et tu, Tea? (Нова промоција на расизам и колонијализам)

До завчера ја сметав „Теа модерна“ за најинклузивно списание на македонската медиумска сцена, пред сè затоа што во нивните изданија имаат објавувано низа интервјуа со луѓе со разновидно расно и етничко потекло кои живеат или работат во Македонија. Впечатокот ми го расипа најновиот број (285, 22.2.2006) со интервјуто со хирургот Никола Батев, иселеник во Јужноафриканската Република со македонско потекло. Цитирам и додавам болд:
Изминатите 15 години за Батев биле доволно време речиси во целост да ја запознае оваа земја, да ја доживее нејзината магија, егзотичност и мистерија по кои е позната, како и големите контрасти – богатата вегетација од една страна, пустина веднаш до неа, а веднаш зад неа се насмевнуваат големите тревни равници. Но, за жал, сега на тој природен контраст може да се додаде и разликата во стадардот на луѓето. На многу мало растојание можат да се видат добро ситуирани луѓе со свои големи куќи и луѓе што живеат во лимени бараки...

„Мојата теза е дека политичкиот систем е одраз на карактерот на народот. Како пример, земете ги Англија, Франција, Србија... Исто е и во Јужноафриканската Република. Тука белците владееја бидејќи црнците не беа заинтересирани за развој и напредок. Тие не сакаа да ги менуваат својата култура и начинот на живот. Овде, инаку, белците се однесуваат и живеат како на Запад, а црнците се користат како работна сила. Новиот политички систем сега се обидува тоа да го промени.“
Состојбата на поробеност, колонизираност и експлоатираност е културна и расна одлика! ’Црнците сами си го барале‘. Неоправдано е, но разбирливо е припадниците на експлоататорската група да вадат оправданија за својата добитна комбинација во која профитот се базира на оружен грабеж на природните ресурси, крвта и потта на домородното население. Ама ме зачудува тоа што човекот одгледан во земјата на братството и единството* и македонските весници прифаќаат и шират ваква и слична расистичка пропаганда.


* Д-р Батев е син на „консултант“ на Заедницата на југословенски железници, благодарение на чија работа семејството во 1968 од Скопје се преселило во Москва, а по неговата смрт во 1977 во Белград. Докторот од таму емигрирал во 1991 година оти, поради тоа што растел како Југословен, не сакал да заземе страна при распадот на СФРЈ.

4 comments:

Anonymous said...

Se znae zosto belite dosle vo Afrika pred 400 ili 100 godini.

Mi koji zivimo ovde mozemo da budemo samo zahvalni Afrikancima sto su nas primili u svoju sredinu.

Zimbabwe je zemlja koja ima ubedljivo najvise skolovanih svojih kadrova i koji svojom kreativnoscu i znanjem daleko nadmasuje bar cetvrtinu zemalja Evrope.

Svi oni kojima "crnci" na bilo koji nacin ne odgovaraju su se veoma lepo "ogrebli" o iste !

Pozdrav Makedonijo !
Dogledanje vo Ohrid !

Развигор said...

Поздрав до пријателско и симпатично Зимбабве! :-)

Anonymous said...

Blagodaram - Hvala na pozdravu !

Preziveli smo i zemljotres, koji je za nas koji smo to ranije dozivljavali bio ko decija igracka, bar ovde u Harareu. Ovdasnji, koji nisu nikad doziveli zemljotres, su se cudom cudili.

Jos jednom, samo da potvrdim, ovi ljudi ovde, starosedeoci Afrikanci, su jako pametni i pronicljivi ljudi. I samo da dodam : 1992 god. kad je vecina nas dosla u ovu prijateljsku zemlju, bilo je vise kompjutera u ovdasnjim firmama nego u Beogradu gde sam do tada ziveo.

Zelim Vam sto skorije LEPO VREME i
PROLET !

Anonymous said...

http://ajdebe.blog.com.mk/node/6560