Блекаут

06 February 2006

Џабе работи, џабе не седи

„Време“ има објавено напис за проект со кој се финансираат пракси (internships) под наслов Газдите вработуваат само ако друг им ги плаќа работниците:
УНДП им плаќаше на волонтерите надомест од 5.000 денари месечно. По завршувањето на проектот, на тие што ќе продолжат да работат плата треба да им даваат работодавците.

Стопанственици признаваат дека се пријавиле на конкурсот за да искористат факултетски образовани луѓе да им работат без пари.
Нормално дека ќе има случаи на „предаторско“ (грабежливо) однесување и експлоатација. Хелоооу, првобитна акумулација на капиталот. Би било добро да се видат посеопфатни статистики - во написот има само неколку изјави, а не и податоци за ефективноста на целиот проект.

Неспорно е дека недостатокот на искуство е една од работите што попречува еден работодавец да прими кандидат. Ако образовниот систем тоа не го нуди во доволна мерка, подобро е да стекнеш искуство макар и за мали или ич пари, отколку само да кмичиш, мрчиш и да ја вежбаш улогата на жртва. Во овој случај се согласувам со народната поговорка „џабе работи, џабе не седи“.

Некако ми се чини како да има заговор против самиот концепт на чиракување. Изгледа не бил кул во социјализмот, а еве сега продолжува таа „традиција“. Еве, и името на емисијата која би требало да се вика „Чиракот“ (The Apprentice) на ТВ Телма е „Изборот на Доналд Трамп“.

4 comments:

GoodBytes said...

UNDP има добри проекти во Македонија, но овој им е чисто промашување, од барем две причини:

1. Менаџерите главно се заинтересирани за бесплатната работна рака, па им доаѓа добро друг да им ги плаќа работниците.

2. Што има во оваа безработица некој да се прави свилен и да му е под чест да работи како стажист? Тоа hands-on знаење не можат да го добијат поинаку освен вака, а и низ работа најдобро ќе се презентираат себеси пред потенцијалниот работодавач.

Јас никогаш не би вработил човек ако знам дека во неговиот ментален склоп е понижување да се работи како стажист. Тоа веднаш ми кажува дека нешто не е во ред со тој човек.

Darko156 said...

Една дебата на сличнатема имаше пред еден месец кај МОБИ, побарајте ја има таму интересни работи. :)

Во секој случај се согласувам со двајцата

Anonymous said...

кога никој не сака да вработи човек беэ искуство, па како младите ке стекнат искуство? Овој проект ми иэгледа супер, ем се стекне искуство , ем може плус нешто д асе научи, ем вработувачот може да ги тестира потенцијалните вработени...и сега кога эавршил проектот не сакаат да ги вработат-штом ги имале со месеци волонтерите очито имаат потреба од работан рака

MT said...

Во разговор со еден пријател кој што работи во една од многу бројните мини-конфекциски фабрики во Источна македонија, ми кажа дека Работодавците вработувале само инвалиди, пошто државата им плаќала за нив ... демек платата требала да биде пола од државата, пола од фирмата. Е сега наместо, ако државата дава 5000 денари по вработен, и наместо 10000 денари да одат на вработениот, тие им плаќале многу помалку. На пример тарифата била 1 денар од спакувана кошула. Според мојот пријател искусен пакувач може да спакува до 150 кошули на ден... Работеле и саботи ... значи околу 25 дена.
Значи 3750 денари .....
Жалосно но вистинито ... НЕКОЈ ТРЕБА ДА ОДИ НА ГИЉОТИНА ЗА ОВА.

Но, маката го натерала македонскиот граѓанин да се прави со сила инвалид па да работи и за 3750 денари ...
Во право си
"Џабе работи, Џабе не седи"