Доколку Вие сте како повеќето луѓе, тогаш мислите дека рекламирањето нема влијание на Вас. Тоа е токму она во што оние кои рекламираат и сакаат да верувате. Но, доколку тоа уверување е точно, зошто компаниите би трошеле над 200 милијарди долари годишно на реклами? Зошто, во просек, би биле подготвени да платат преку 250 илјади долари за правење на ТВ-реклама и уште толку за нејзино емитување? Ако сакаат да ја емитуваат рекламата во текот на финалето на американско рагби (Super Bowl) тие со задоволство се спремни да потрошат над милион долари на изработка и над еден и пол милион долари за да ја прикажат. Најпосле, тие може да го повторат успехот на „Викториас сикрет“ од финалето за 1999 година. По само 30 секунди парадирање на манекенки облечени во прслучиња и гаќички, еден милион луѓе го прекинаа гледањето на натпреварот за да го посетат веб-сајтот промовиран преку огласот. Нема влијание?Килборн инаку во младоста била манекенка, но подоцна се покајала за своето учество во рекламната индустрија - книгата го содржи и релевантниот дел од нејзината животна приказна.
Блог на најразновидни теми, меѓу кои стрип, анимација, тековни настани, историја, палеонтологија и интернет, со препораки или кудења на нешта што може да се прочитаат, изгледаат или ислушаат. Другото сè е сеир.
Блекаут
19 February 2006
Препорака: „Смртоносно убедување“ од Џин Килборн
Во контекст на осознавањето на техниките на пропаганда, а поврзано и со мојата претходна забелешка за жените-тепачи во рекламите и известувањето за аферата со безвезните карикатури, го препорачувам првото поглавје на книгата на Џин Килборн „Смртоносно убедување“ (Deadly Persuasion), објавено на веб-сајтот на ЦНН под наслов „Ние сме производот“ (We are the product).
Лејбели (тагови):
Реклами и пропаганда
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
1 comment:
Знам како е кога никој нема да искоментира на интересна тема. :)
Затоа еве нека стои тика овој коментар како потсетување дека оваа тема е екстремно интересна за разгледување
Post a Comment