Блекаут

12 February 2006

Свети Валентин и Бени, гласот на народот

Секој број на „Тин шема“, освен репринти на написи за странски познати личности и странски филмови и слично од странски списанија, носи по неколку оригинални реда што вредат. Најчесто тоа е рубриката „Цепки“, со „Д-р Апач“ или вицови пратени од читател(к)ите, но овој пат (8.2.2006. стр. 7) тоа е одговорот на Бени Шаќири на помодарското прашање „дали Свети валентин ве прави романтични?“
Никогаш не го славам тој празник, од едноставна причина што не го чувствувам за свој. А сигурен сум дека и другите од мојата генерација не му придаваат значење на овој ден како на важен празник. Едноставно, медиумите прават фама од тој ден, кој сакаат да ни го наметнат во екот на актуелната американизација. Тоа е убав ден за да го прослават вљубените, но сепак ќе истакнам дека станува збор за католички празник. А кај нас мнозинското население е православно, а веднаш потоа е муслиманско население. Колку што знам, кај нас во Македонија се слави Свети Трифун, ден кога се крои лозјето за да има поголем род во годината. А ако го славиме Свети Валентин, да почнеме да го славиме и Денот на благодарноста?
Бени испадна вистински глас на народот. Прашањето го опфати од скоро сите аспекти, освен еден: можеби не се криви медиумите, туку мафијашите, кои скришум го промовираат еден од најпознатите настани од историјата на нивната култура - Масакрот на Свети Валентин, спроведен од Ал Капоне во Чикаго во 1929 година.

1 comment:

Anonymous said...

Uh, kaj go najde kapone - taman rekov ke ja udrish metata vo sredina, ti ja utna. Kriminalci da, vo navodnici - se vika seto toa pari drugarce. Im go opnaa na Amerite (pojavi se bez poklon te otkacuva) pa sea saka nekoj i na nas da ni go nacuka, a ko shto gledam se fatija. toa e sustinata na toj praznik - ne jaden kapone. :)