Блекаут

22 February 2006

Мит-бастерс: за топлото македонско гостопримство

Во „Тин шема“ (бр. 136, 15.02.2006.) има интервју со ракометарката на „Кометал Ѓорче Петров“ по потекло од Конго, Алегра Охоланга Локи. Пренесувам дел од интервјуто:
Дали се навикна на начинот на живеење во Македонија? Што најмногу ти се допаѓа овде?
- Во Скопје сум веќе две и пол години. Во почетокот ми беше многу тешко, особено во првата година, зашто не го знаев јазикот, немав пријатели, бев сама, а и кога ќе прошетав низ улиците, луѓето постојано ме гледаа и се чудеа. Но сега веќе е подобро, а за тоа придонесе и моето момче, кое од Конго се пресели во Македонија за да биде со мене. Многу ми се допаѓа македонската кујна, особено гравчето и салата од зелка, а и плескавиците и ќебапчињата.

Со кого научи да зборуваш македонски јазик?
- Главно, учев сама. За време на тренинзите слушав што и како зборуваат тренерот и моите колешки, и кога ќе дојдев дома го земав речникот и учев кој збор што значи. На тој начин научив да зборувам македонски.
Сликата е малку постара од оние во „Тин шема“ (која за жал излегува само на хартија), а е преземена од веб-сајтот „Кометал фанс“.

Ваквиот однос е конзистентен со толеранцијата кон расна дискриминација во Македонија и мислам дека нема врска со политичка коректност, туку со способноста за изградба на меѓучовечки односи.

5 comments:

Shepard said...

ја катаљон пати сум бил исмеван „цинцар“ ово оно..

тоа е, низок степен и неквалитетно образование повлекува низок степен на човечка свест, за тие фамозни меѓучовечки односи..

Развигор said...

Мислам дека добар почеток на борба против горенаведеното е со пополнување на соодветните делови во Википедија. Еве на пример, недостасува податокот за Власи.

Развигор said...

Инаку, ти си покомпетентен за кошаркава, па да те прашам дали го делиш мојов впечаток: кога умре Џонс, во ретко која од вестите имаше негова слика. Некако ептен брзо престанаа да го зборат.

А и во другите спортови натурализираните спортисти се некако невидливи. Ене за борењето, испадна најтрофеен спорт е, а заслужните за тоа што се од бившиот СССР по потекло, нит јавноста ги знае, ниту пак нешто ги рецка.

Anonymous said...

Kastratovic -apsolutna legenda

Velkova -isto taka

Edna plejada rusinki ili ukrainki da ne gi nabrojuvam. Se' se toa rakometarki koi dale mnogu i se pamtat.

Za borenjeto - pa kazi kolku voopshto borenjeto ima pristap vo mediumite?! taka da ne moze da se kaze za nekakva diskriminacija koga za site e isto (ako e nekoj diskriminiran togash borenjeto celokupno kako sport e diskriminirano.
Plus tie sportisti nastapuvaat za drzavata i za sekoj medal se znae kolku pari dobivaat .Koga parite i sponzorite kje seknat ,zemaat drugo drzavjanstvo i nastapuvaat za druga drzava.Cist biznis ,nema tuka ljubov.
Ako mislsih na Mogamed Ibragimov,toj koga osvoi medal na olimpijadata nashiroko se pisuvashe za nego i seto toa.Plus treba da znaesh deka mnogu od tie sportisti ne go poznavaat makedonskiot jazik a retko koja sportska redakcija moze da si dozvoli da angazira preveduvac

Za dzons se pishuvashe koga umre ,site mediumi ja prenesoa vesta .Sega shto da se pravi covekot nema od zemja da stane
ama stvarno covekot od srce igrashe i beshe golem drugar ,barem taka se izjasnuvaat site koi igraa vo reprezentacija


A ako neshto aludirash za Oholanga pa toa e normalno koga imash nepoznavanje na jazik .Mislish nekoj tebe kje te recka da otidesh negde i da ne poznavash jazik?

I toa shto vika lugjeto me gledaa i se cudea? Pa jebiga ja gledale javna licnost ,mora da se navikne na toa
normalno ima udel i toa shto ima crn ten sigurno i ja da otidam vo Kongo kje me gledaat so neveruvanje kako shto gledaat na sneg koj ne padnal so godini

I nema zbor za nikakva diskriminacija ?koj se najgolemi muzicki zvezdi vo medium,ite

eve na primer vo MC 50 cents ,sve nekoi hip hoperi ,raperi latinoamerikanci ,afroamerikanci

Anonymous said...

Ili Carl Cox (moze utnav vo bukvite)
Zvezda .