Блекаут

05 February 2006

Египетскиот ферибот „Ал Салам“ и „Титаник“

Трагичното потопување на египетскиот ферибот „Ал Салам 98“, на 3 февруари 2006 година, при кое од 1400 луѓе се спасени само околу стотина, е страшна трагедија. Загубата може да се спореди со онаа на најпрославениот - „Титаник“ (RMS Titanic), на 14 април 1912 година, која според Википедија е и „една од најлошите мирновременски поморски катастрофи“:
Од вкупно 2.223 луѓе, преживеале само 706, а 1.517 загинале. Причина за смртта во најголем број случаи било смрзнување (hypothermia) во водата чија температура изнесувала −2 °C.
Црвеното Море е потополо од северниот Атлантски Океан, но не доволно за да ја одржи топлината на човечко тело подолго време. Во него има и многу повеќе ајкули, а колку што сватив таа ноќ беснеела и бура... Тешко е да се замисли што им се случувало на жртвите, а човечката болка, во принцип, не може да се измери, квантифицира.

Наспроти тоа што „Титаник“ бил најсовремен, технички најопремен и конструиран да се справи со оштетувања, eгипетскиот брод служел 35 години во Италија, преживеал сè и сешто, дури и судир, бил продаден во Египет откако според новите прописи бил прогласен за недоволно безбеден за служба во ЕУ. „Сиромавиот двапати плаќа“ е македонска поговорка базирана на долговековното искуство со неповолната страна на технолошкиот и фискалниот јаз. Морничавост додава и изјавата на еден преживеан (ЦНН), според кого екипажот не дигнал тревога, туку до последен момент се правеле како ништо да не се случува.

1 comment:

Ania said...

a pljus ushte edna rabota, za polskite vesnici (a pretspostavuvam sekade e isto)

da se slucese istata rabota nekade okolu amerika ili da imase na brodot nekade 10 minimum amerikanski vojnici na celata rabotas ke mu se posvetea (vo Polska) specijalni izdanija, obemni analizi i bezbroj izveshtai (kako shto toa se slucuva sega, posle tragedijata vo katovice)

a vaka, koga zaginuvaat nad 1000 lugje a nitu od niv ne e nitu turist od zapad, odnosot znacitelno se menuva

ej a eve i dve katastrofi na koj titanik voda moze da im nosi (by gazeta wyborcza)

4 iljadi lugje - "Kiangya"- Kina - 1948
4500 zrtvi - 1987- Filipini