
Џонатан од „Кембриан хаус“ советува како (Raising capital: Six tips on Eating Fear).
Блог на најразновидни теми, меѓу кои стрип, анимација, тековни настани, историја, палеонтологија и интернет, со препораки или кудења на нешта што може да се прочитаат, изгледаат или ислушаат. Другото сè е сеир.
Затоа може е и време банките да размислат за намалување на каматите за компјутерите и тоа не од некоја добротворна причина туку затоа што на тој начин ќе си ги намалат трошоците, подобрат односите со клиентите и се разбира подобрат профитите (во најмала рака да останат исти)....а и:
Сето ова може да оди и понатаму. Банката склучува договори со дистрибутерите на компјутери и тие даваат попуст од 5% доколку купиш компјутер од нив со кредит од дадената банка.Мора да се земе предвид дека е-бумот во Естонија бил поттикнат токму од тамошните банки, кои вложиле во информатичко описменување на населението како чекор во изградбата на публика за е-услуги.
Тони не само што е свесен за своите недостатоци, туку и се труди да ги контролира. Ова е најдобро покажано при крајот на епизодата (Commendatori) во која Тони, Кристофер и Поли одат во Неапол да ги разработат детаљите на операцијата за препродажба на украдени автомобили со тамошните соработници. Од многу аспекти, епизодата е студија за тоа како не се води бизнис. Поли поголем дел од времето го троши на курвање. Кристофер е толку издрогиран што при враќањето мора да купи италијански подарок за девојка му од фришопот на аеродромот во Њуарк. Од сите тројца, само Тони останува фокусиран на она што треба да се направи.
А тоа не е лесна работа. Аналиса Зука станала де факто шеф на неаполската фамилија како резултат на затворањето на мажот ѝ, како и сенилноста на татко ѝ. Таа е итра, прекрасна жена. Кога се наведнува да удри топче за голф, камерата (и Тони) се фокусирани на нејзиниот убаво обликуван задник. Но наспроти нејзините привлечности, Тони мора да обезбеди добра цена за возилата кои ги краде бандата од Њу Џерси. Овие сексуално набиени преговори кулминираат кога тие двајца сами одат на прошетка низ пештерата на пророчиците сибили. Аналиса објаснува дека сибилите можеле да предвидат идни настани. „Да бе, важи,“ прашува Тони „имаш претскажување за мене?“ Аналиса му кажува дека „не е проблем да го прочита“, дека тој е „својот најлош непријател“. Ова го провоцира Тони да каже дека Аналиса го потсеќа на некого од дома (претпоставуваме д-р Џенифер Мелфи), но Аналиса се обидува да погоди: „Не на жена ти. На девојка ти?“ Тони одговара: „О, имам девојка. Но да ти одговорам на прашањето – не. Не на неа.“
Разговорот ненадејно се врти во насока на сексот. „Но таа е некој што сакаш да го ебеш. Се гледа,“ вели Аналиса. Тони се обидува да го сврти муабетот, но таа упорно продолжува: „Не сакаш да ја ебеш? Не сакаш да ме ебеш?“
Тони одговара: „Да, сакам. Но не го стаам курот од кај што го вадам лебот“. Аналиса не го рабира. Нервозно смеејќи се, таа прашува „Ке коза?“ Кога Тони ќе ѝ преведе, објаснувајќи дека тоа е лошо за бизнисот, таа пламнува. „Оди си, оди си,“ вели, по што додава „не по тие цени“. Таа потоа нуди пониска цена за откуп на украдените коли.
Она што е исклучително за оваа сцена е дека Тони го задржува фокусот на работата, наспроти директните провокации да не го стори тоа, упатени кон неговото машко (мачо) его. Не само поради искушението од понудата на Аналиса за брз и валкан секс - веднаш, на подот на пештерата, туку и поради смислените провокации упатени на сметка на неговата мажественост. Антагонизиран од забелешката на Аналиса за нејзиното наводно супериорно психолошко знаење за него, Тони би го сфатил сексот со неа како природен начин да воспостави контрола. Аналиса го знае тоа. Таа можеби ја наместила целата ситуација за да го сврти вниманието на Тони од бизнисот и (буквално) да го омекне за крајната фаза на преговорите. Но покрај целата негова сексуална импулсивност, Тони не подлегнува. Преговорите завршуваат со цена за која Тони подоцна им кажува на колегите дека е двојно поголема од онаа што ја очекувал на почетокот.Во есејот исто така има многу интересна анализа на Кристофер, чиј проблем е „генерациски. Пораснат во свет на телевизија, видео-игри и широко достапни рекреативни дроги, тој е навикнат на константна стимулација и очекува моментно задоволување. За неговиот лик е сосем соодветно што го гледа светот низ призмата на филмот и видеото. (D-Girl).“
Способноста на Тони да ги подреди личните желби на деловните потреби е еден одраз на неговата поширока способност да перципира и делува во насока на она што е најдобро за неговата организација. Над сè, Тони добро просудува за заинтересирани страни кои ги смета за релевантни. Способен е да ги идентификува нивните потреби и да одговори на нив на задоволителен и имагинативен начин. За разлика од неговите непромислени и нетактични колеги, тој не дозволува на неговите одлуки да влијае неговата суета и гордост. Всушност, како во сцената со Аналиса, Тони е често подготвен да ја жртвува својата слава за сметка на зачувување на важен однос или постигнување на поголеми цели.
Не знам само, зошто девојките во огромен број (90%) се толку против стриповите, зошто од мали се врзуваа за телевизор и шпански серии, за глумци и пејачи. Би можел ли некој да го расветли тој феномен?
Конверзацијата меѓу мажите и жените е меѓукултурна комуникација. Културата е едноставно мрежа од навики и модели наталожени од минатото искуство, а жените и мажите имаат различни минати искуства. Од времето кога се раѓаат тие се третирани на различен начин, со нив се разговара различно и како резултат на таквиот однос тие разговараат поинаку. Момчињата и девојчињата растат во различни светови, дури и ако пораснат во иста куќа. Како возрасни тие патуваат во различни светови, ставајќи ги во сила шаблоните воспоставени во детството. Овие културни разлики вклучуваат различни очекувања за улогата на разговорот во врските и за нејзиното исполнување.
U tradicionalno šovinističkim stripaškim krugovima toliko je malo žena da prosječan strip fan vjerojatno neće ni znati kako razgovarati s Vama. Ako dame, iz nekih razloga, i dalje imaju žarku želju ući u to društvo, trebaju zapamtiti samo tri imena: Corto Maltese, Aster Blistok i Dylan Dog. Trojica navedenih su tri strip lika koje ženska populacija provjereno najviše čita...И овде има генерализација. На времето на ИнФорма ЕИС правевме анкета и мислам дека Загор беше најомилен кај жените, а често барем во муабети пред мене луѓе од тој род ја споменуваат и Модести Блејз.
As for the derivation of the word "Volos", which according to a Byzantine historian of the 14th century was called "Golos", there are several theories; the most widely accepted is that it represents a corruption of the Mycenaean lolkos.во превод:
Има неколку теории во врска со потеклото на зборот „Волос“, кој според еден византиски историчар во 14 век се викал „Голос“. Најшироко прифатена е онаа која вели дека се работи за мутирана форма на микенскиот збор „лолкос“.Иако е далеку поедноставна, не се зема предвид можноста за негрчко потекло на топонимот, идентичен со името на старословенскиот хтонски бог Волос, според кој е наречен и денешен Велес.
Веќе подолго време имам идеа да поттикнам иницијатива за креирање на колаборативен блог на кој сите заинтересирани МК блогери од време на време би пишувале постови на англиски јазик со теми интересни за глобалната публика, а сепак врзани за МК, без разлика дали то ќе бидат оригинални или веќе објавени текстови.Поддршка за идејата. Имам искуство со вакви проекти (не на блогерска платформа, но со сличен концепт) и мислам дека се многу полезни. Таквите брзо стекнуваат и голем пејџ ранк и други погодности, оти ги нема многу...
Со цел, откако ќе го пријавиме на листата на Global Voices некој од уредниците да објавува (бендисува) некои од постовите на насловната страна, со што би вршиле промоција, не само на МК туку и на МБЗ.
Вечерта, при излегување на сладолетче, имавме блиска средба со госпоѓа-возач со црвено пунто (SK 038 OK) на семафорите пред Соборниот храм, која наместо напред тргна во рикверц. Беше љубезна, но не почека додека ја испитував малата вдлабнатинка на мојата хауба. Доколку го чита ова, би сакал да ја поканам на заедничка дијагностичка посета на автолимар (тел. 3109-325 во раб. време).Ова е инаку втор пат да пишувам јавен дневник за во печатен весник. Првиот пат беше за словенечкото културно списание Бал-канис (Balcanis), летото 2001 година. Во обата случаи повеќе се концентрирав на тековната работа од јавен интерес, а помалку на интимата.
Намената на оваа веб-алатка е да овозможи лесно внесување Јуникод (Unicode) знаци преку соодветен HTML код. Треба само да се избере и кликне знакот (буквата, симболот) и да се ископира добиената вредност. HTML Keyboard најмногу е наменет за блогерите, но генерално може да се користи за било каков HTML документ. HTML Keyboard ги листа сите Unicode знаци од 1 до 30 илјади (во стандардизираната табела има и некои „дупки“) и е еден вид проширена тастатура.Тоа би било. Нема утка. ҉
Секоја табела (страница) покажува по 100 (10 х 10) знаци, а движењето низ табелите оди преку навигациските ленти, кои се веднаш над и под табелата: Home, 1, 2, 3...
На пример, кириличното ...подмножество почнува од страницата 10, грчките букви се на страницата 9 и слично.