Блекаут

28 February 2006

Расисти, јуриш! (Во Македонија инаку нема СИДА)

Поттикнат од информацијата на Теко ставена во коментар во претходниот пост на темава, најдов два коментара од Ванчо Таковски, „првиот човек“ на Ф.К. Беласица (болдот е додаден).

„Вест“ (28.2.2006) во написот „Знаеле, а криеле СИДА“:
Јас воопшто не се плашам од сидата бидејќи од нешто мора да се умре. Сидата не е измислена во Македонија, таа е донесена од Африка. Мислам дека државните органи треба да реагираат при влезот на странците во Македонија. Нема што мене да ме информира Министерството за здравство за болеста на Адамс, нека ги информира луѓот од Маџари, тој од таму дојде кај нас.
„Време“ (28.2.2005) во написот „,Половина‘ Македонија стравува од блискоста со Нигериецот“:
- Во Беласица веќе нема да дозволам да биде ангажиран ниту еден црномурест фудбалер од странство, особено не од земјите што се ризични во однос на пренесување на заразните болести. Навистина не знам што повеќе би кажал за овој случај - вели претседателот на Беласица, Ванчо Таковски, кој е познат по своите ексцентрични изјави.
Што е со можноста дека мртвиот човек, ако не користел кондом, можел многу лесно да се зарази и во текот на престојот во Македонија? Дали Таковски има сигурни докази дека тој бил заразен пред да му влезе во клубот? Ако да и толку му значи тоа, зошто чекал Адамс да умре за да реагира?

Немам релевантни статистички податоци при рака, но мислам дека многу луѓе практикуваат секс без кондом и во Македонија, особено како средство за искажување поголема блискост во врската. А и промискуитетот, особено дискретниот, не е непозната појава.

5 comments:

Ania said...

moznost za skromen pridones: nekoe anti-rasisticko sajtche na denot+ soodveten komentar.......grrrr!

Anonymous said...

Adams ziveeshe 3 godini vo Mk.
Celiot proces od dobivanje na bolesta pa dodeka da se aktivira pa se ' do smrtta trae podolgo.

Dobroto vo ovoj slucaj e shto bi se donel zakon pri dobivanje na rabotna viza za stranec da ima zadolzitelno i test za sida.
I shto se digna prashina pa mnogu lugje se informiraat kako se prenesuva bolesta.
Osobeno fudbalerite koi mu bea drugari na Adams .
Znam za komentari od tipot "pa decata mi gi drzeshe vo raka ,si igrashe so niv" ali koga bi se informirale bi znaele deka od toa ne se prenesuva bolesta.

Inaku vekje se znae deka edna negova devojka ja dobila bolesta.

A za Vanco Takovski ne znam kolku go znaete ,toj si e takva figura

izjavi od tipot "ushte na pletvar ostajte gi bodovite "
ili kje izgubat 5:0 (za tim od slovenija) a ispadna 5:1 ama za slovencite:))))))

MT said...

Медицинскиот тест (кој вклучува и СИДА тест) е нормална процедура за добивање на работна виза во многу земји.
Во некои од нив бараат и картон на примени вакцини, така да ако сакаш да влезеш и работиш таму, треба да ги имаш примено сите вакцини.

Да...тоа треба да го има и Македонија.

Инаку во САД во случај на несреќа не си обврзан да им помогнеш на повредените, ако мислиш дека твоето здравје може да биде загрозено ако стапиш во допир со туѓе крв (звониш 911).

За жал, кај нас секогаш треба нешто да се случи за да ни текне да превземеме нешто...ПРЕВЕНТИВА - што беше тоа...:-)

Anonymous said...

Anonimus, prikljuci se Takovskom. Bili bi dobar bekovski par. Naravno vo Belasica !

Развигор said...

Пред пораката на Тоски имаше порака од некој анонимец што пцуеше и повикуваше на гадни работи. Сите такви ќе бидат избришани.