Блекаут

27 February 2006

ТВ блогерски дајџест

Ова што следува е комплетно преземено од .аНТИблог:
Го глеате типов на сличево, познат ви е? Јанко почна иницијатива Блог на ТВ у неговата емисија Јади Бурек. Има една пристојна понуда до сите блогери. Ај трк таму за другите детали:
(Јади бурек) 25.02.2006 - За да ви се најдам во животот и да видите малку аир од мене, ве молам, најискрено, да во овој пост ми оставите линк до вашиот блог, кој сакате да го презентирам во емисијата. Со задоволство ќе го направам тоа а и сите линкови да бидат на едно место што мене лично ќе ми помогне да не заборавам никого.
Среќа што е лиценциран со Криејтив комонс, па може мирно да спијам.

Прелевањето на блоговите и во ТВ-емисија го сметам за одлична идеја, што беше спомената и на една средба на блогери. Со „Форум плус“ и „Неделно време“ тоа ќе биде трета среќа за збогатување на старовремски медиум со вакви содржини. :-)

2 comments:

.аНТИ said...

Филип бе - не е .аНТИпункт, туку .аНТИблог. Ц ц ц!

Развигор said...

Извини што те фајромизирав и фала на забелешката - ја исправив грешката во текстот.