Блекаут

12 October 2006

Наскоро: емисија за блогови на „Сузе“ на А1

СузеКако што веќе извести Дарко: тој, Дамјан и јас земавме учество во емисијата „Сузе“ на тема блогови. Се зборуваше за тоа дали блоговите се нова форма на графити или нешто повеќе - секако, ние рековме дека се предвесник на нешто многу поголемо.

Емисијата ќе се емитува во текот на наредната недела, а за време на снимањето имаше фина атмосфера. Во неа е вметната и анкета со млади луѓе направена мислам во ГТЦ, каде што на прашаето дали знаете што е блог се добиваат најразлични одговори...

Инаку, неделава баш имав медиумско присуство - по појавувањата во „Форум плус“ и „Граѓански свет“, ова ми беше трет контакт со главните текови (мејнстримот) на македонската јавност. Затоа, не е лошо да го препрочитам расказот „Великан пред малиот екран“ од Ефраим Кишон, кој говори баш за слична ситуација. А го препорачувам и на горенаведените колеги, а и вам.

2 comments:

Shepard said...

сузе ми цепају лице :)

термин, кога?!

инаку, ефраим кишон рулз

GoodBytes said...

Се надевам дека по разговорот со вас или Сузана или некој од екипата се реши да си отвори графит, овај... блогче.

Ќе ве гледам. Кога е терминот?