Нивото на морињата расте. Арктикот се топи. Владите одбиваат да признаат дека се случува глобално затоплување додека брзаат да го истражат океанското дно надевајќи се дека ќе заграбат права на користење нафта, гас, злато, дијаманти, бакар, цинк и последните неискористени подрачја за рибарење на планетата...Во написот истражувачите бараат Владата на САД да отпочне масовен научен проект да утврди дали е воопшто можно да се спречат последиците од оваа ситуација, но новинарот заклучува дека таа институција досега не подигнала ни прсте во таа насока. А нашава? А вие?
Проблемот е дека ако светскиот океан, кој опфаќа 70.78 проценти од нашата планета е во опасност, сите сме зафркнати. Според написот на Џулија Вити од „Мадер Џоунс“ (март/април 2006) истражувачите од Скрипс институшн оф осеанографи и од Националната лабораторија Лоренс Ливермор во 2005 го откриле „првиот јасен доказ дека светскиот океан се затоплува“. Меѓу другото „највисокиот слој од половина милја во последните 40 години е затоплен драматично поради гасовите кои го креираат ефектот на стаклена градина предизвикани со човечка активност“.
Блог на најразновидни теми, меѓу кои стрип, анимација, тековни настани, историја, палеонтологија и интернет, со препораки или кудења на нешта што може да се прочитаат, изгледаат или ислушаат. Другото сè е сеир.
Блекаут
18 October 2006
Океаните ни се во опасност! Еј!
Кај Би ја прочитав листата на де факто цензурирани стории, односно нешта за кои медиумите не сакаат да пишуваат. Без разлика што немаме море, и ние итекако ќе ги почувствуваме последиците на оваа појава (набрзински превод од првобитниот напис):
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
3 comments:
На луѓето им е потребен силен wake up call за да ги раздрма малку. Не можеме да се свестиме дека неповратно уништуваме делови од планетата и ја загрозуваме иднината на нашите деца.
Македонија не е на врв од топ листата на светски загадувачи, прво затоа што сме мали и второ дека имаме незначителна економија/индустрија. Но сепак, тоа не не' амнестира да правиме што ќе ни текне. На пример, кога еднаш конечно ќе се откажеме од сечење дрва за греење? Кога ќе ставиме филтер на секој фабрички оџак? Кога ќе прекинеме да фрламе индустриски хемикалии во реките? Кога ќе почнеме ѓубрето да го фрламе исклучиво во корпа за отпадоци? Кога ќе прекинеме да ги оставаме старите автомобили на тротоар додека не 'рѓосаат?
Кога?
Да.. и не за џабе јас во моето неодамнешно интервју за „Граѓански свет“ нагласив:
Кој национален/локален проблем го смета за особено важен и зошто:
Нашата неоснована ароганција, која не спречува да се осознаеме и себеси и светот околу нас, што е основа за решавање на сите проблеми.
Кој глобален проблем го смета за особено важен и зошто?
Негрижата за уништувањето на животната средина и биодиверзитетот, незаинтересираноста за климатските промени.
Освен глобалното затоплување на морињата, растат и мртвите океански зони како последица на загадувањето: U.N.: Number of ocean 'dead zones' rise.
Post a Comment