Во врска со моето прашање за влијанието на блогерите во Македонија, Рибаро ме спореди со неверниот Свети апостол Тома. Дискусијата се прошири и кај Вклучи се.
Воопшто немам сомнеж во потенцијалот на блогерството како медиум. Арно ама, добро е да расчистиме: мислев на тековното влијание на блогерите во Македонија. Иако имавме скоро „скандинавски избори“, сепак како што рече и Дарко во коментар кај Рибаро, случајот од Шведска не може да се искористи како аргумент. Во поразвиениот свет има многу случаи на блогери што предизвикале политички и општествени ефекти, од кој најопиплив е финансирањето на кампањата на американскиот претседателски кандидат Хауард Дин во 2003-4 г. Арно ама, прашањето ми е до кој степен е стигната моќта на блогерите во Македонија - и како таа да се зголеми.
Мислам дека оние кои имаа коментари за емисијата „Сузе“ на А1 би требало истите да ги испратат и по е-пошта до редакцијата - да видат тамошните одговорни лица дека темата побудува интерес. Тоа би можело да доведе и поголема промоција на блогерите што ќе реагираат. Може да стават и коментар на својот блог, а да им пратат линк...
Дигресија: денот на Св. Тома е задутре, на 19 октомври.
2 comments:
како што пишав кај мене во коментари:
Се надевам дека сум сватен како што треба. Тоа дека ми се погоди „Неверни “ Развигор со Неверни Тома, ми се погоди,:) ама за датумот не знаев..
И јас не знаев, дознав од календарот на МПЦ додека ја барав приказната за Тома.
Post a Comment