Блекаут

18 October 2006

Отворено писмо до Пинчер Барнет

Забележав дека повеќето постови на блогот Пинчер Барнет се со наслов „Јавниот дневник на Пинчер Барнет“.

Би било поинтересно за публиката, особено за оние кои може да дојдат од агрегатори како Дигимак блог, кога насловите на постовите би имале директна поврзаност со активноста во содржината. Ова се одразува и на употребливоста, оти ваквите наслови имаат помала видливост и кај машини за пребарување, а посетителите мора да вложат екстра напор за да видат што има во новиот пост.

Ако веќе е многу важно да стои името Пинчер Барнет во насловот, може да бидат и како холивудските филмови од на времето „Пинчер Барнет оди во самопослуга“, „Пинчер Барнет фаќа убава девојка“ итн.

Но поефикасно е да не стои, оти името на блогот автоматски се додава во насловите (ХТМЛ-тагот тајтл) на секоја индивидуална страница од блогот, па нема потреба да се дуплира. Исто би било поефикасно слоганот на блогот да не биде дел од насловот, туку да се премести, оти ја пребукира микросодржината (microcontent - вити точка 6 од текстот на Нилсен).

4 comments:

Anonymous said...

знам дека писмово е со најдобри намери, за кои ти заблагодарувам. ама јас не те разбрав баш најдобро што сакаш да ми кажеш. немам баш некоја голема компјутерска култура.

Anonymous said...

bravo, mnogu mi e drago deka ima i postojat pobornici za mikrosodrzinata na internet...- "drugar" daj ne zamaraj so vakvi raboti, stvarno e smesno so sto se zamaras, u stvari bizarno, podobro ne komentiraj vise za ova dur poveke luge ne go posetile postov, vo tvoja korist -"Ne se zamaraj vise so vakvi gluposti"-nekoj ke se smee....ili da ne ti e tesko deka Pinc e dosta poznat po Google a i internetov.. :))), faka dosta zenski so blogov stvarno...se zezam..
P.S:komentarov e so najdobra namera kon tebe, se nadevam ne me razbra pogresno :) - od Bratmu na Pincher Barnet;

Anonymous said...

А ти како еден од фироманите го куцаш тоа???

инаку се сложувам...

боље тука да се работи зошто не сте толку посетени.

Anonymous said...

а на неа и е драго...
што така придонесуваш...у мисловните текови...у нејзиниот ум...