
Најдов
двa четири шест квиза со кои може да го проверите своето знаење за ЕУ:
- Britain in the EU - разбирливо, некои прашања се брито-центрични, но и нивните одговори се многу поучни.
- EU4Journalists Quiz - сеопфатен.
- Квиз од Гардијан - има некои брито-центрични прашања, но надокнадува со доза хумор.
- На сајтот на нашиот Секретаријат за европски прашања има квиз, ама без пермалинк. Треба да се кликне на банерчето долу десно, по што се отвора ново прозорче во флеш. Интерфејсот е прилично комплициран, а одговорите на некои од прашањата се неактуелни или нелекторирани - „Латвија“ на македонски е Летонија, а „Обединетото Кралство“ ние го викаме Велика Британија.
- Stop-discrimination Europe Quiz - спор интерфејс што бара многу кликање и не дава преглед на точниот одговор ако погрешите. Интересно ми е што симболот на ЕУ го дефинира како христијански, а не универзален.
- Europa Go - прекрасно издизајниран флеш-интерфејс со едукативни игри и квизови, наменет за деца од 10-14 години, но нека не ве ограничува тоа.
Знаете за други вакви слични апликации?
No comments:
Post a Comment