Блекаут

17 October 2006

Пејџранкот ми се качил на 4

Долго време пејџранкот на овој блог беше 2. Денес забележав дека рипнал на 4.

Дали имате забележано случна промена и на вашите блогови? Дали се работи за општ апдејт на ниво на Гугл, кој конечно почна да ја есапи македонската блогосфера и нашите меѓусебни линкови?

4 comments:

.аНТИ said...

Филип, мислам дека нема што Гугл да не есапи или да не не есапи. Колку што знам, пејџранкот се креира автоматски без човечко влијание. Така што нема субјективност македонска грчка занзибарска блогосфера.

GoodBytes said...

Имам екстензија за Firefox која се вика „Google Pagerank Status“ и која го прикажува рангот во статусната лента. Таа вели дека имаш ПР 2.

И мојата екстензија, и сајтот кој го пресметува твојот ранг не се официјални.

А Гугл не го објаснува точниот алгоритам според кој го пресметува рангот. Не знам од каде и како ги земаат податоците овие сервиси.

Razvigor said...

Анти, на крај памет не ми беше спорот со Грција - туку дека кога Гугл (автоматски) го прави есапот, понекогаш поминува некое време додека не ги земе предвид новонастанатите линкови, чиј број и вид влијае на пејџранкот.

Razvigor said...

Гудбајтс: Јас го гледам пејџранкот од тулбарот на Гугл во Фајерфокс и вели четворка. Исто како и овој ПР чекеров што ми е во блогрол.