Ме радуваат поволните критики што ги добивме за настапот во емисијата „Сузе“ на А1, со кој дружно се потрудивме да го афирмираме блогерството.
Не мислам дека во последно време се забележува „пораст на влијанието на македонските блогери“, односно дека реакцијата на блогерите на самоубиствената реклама на Т-мобајл доведе до нејзино кратење. Верувам дека Советот за радиодифузија реагираше поради реакцијата објавена во класичен медиум - печатеното издание на „Дневник“. Впрочем, и првиот блог пост на темата беше врз база тоа писмо...
Но, би сакал да бидам разубеден. За тоа да се случи, ќе треба случај во кој нешто што изворно ќе се зачне во блогосферата ќе има реперкусии на општиот медиумски, а и општествен простор. Имаме ли таква тема?
1 comment:
Проблемот е што има премногу такви теми, па по се изгледа луѓето не знаат од кој крај да почнат...
Post a Comment