
Модерни формулации на трите закони на механиката на Исак Њутн (
Newton's laws of motion), за кои денес знаеме дека се однесуваат на движење на тело со брзини значително помали од брзината на светлината:
- Инерција: тела во движење настојуваат да продолжат да се движат, додека телата кое мируваат настојуваат да ја задржат состојбата на мирување доколку на нив не дејствува надворешна сила.
- Забрзувањето на едно тело е правопропорционално со силата која дејствува на него, а насоката на векторот на забрзувањето е иста со насоката на силата.
- За секоја акција (примена на сила) се јавува еднаква, но спротивна реакција (сила со иста јачина и спротивна насока).
Законите Њутн ги објавил во неговото дело Principia Mathematica во 1687 година.
No comments:
Post a Comment